Влада: Антикорупциoнерите да си понесат одговорност, како што си понесоа Донев и членовите на ДИК

by fokus

Откако медиумите ја објавија ревизијата на Управата за јавни приходи, која констатирала злоупотреби во Комисијата за спречување на корупција, се огласија од Владата. Од таму порачуваат антикорупционерите да го следат принципот на нулта толеранција за корупција и да покажат одговорност.

„Владата на Република Македонија го следи принципот на нулта толеранција за корупција. Во изминативе седум месеци покажавме дека не постои толеранција кон именуваните функционери кои имаат покажано неодговорно трошење на парите на граѓаните и сите кај кои беше утврдена таква состојба понесоа одговорност. Истовремено Владата постојано укажува дека одговорното трошење на буџетските пари треба да биде почитувано и од сите останати јавни функционери како што беше примерот со Државната изборна комисија. Очекуваме дека и членовите на Антикорупциската комисија ќе го следат принципот на нулта толеранција за корупција и ќе покажат одговорност имајќи ги предвид последните случувања и имајќи предвид дека тоа е суштината на нивната работа“, велат од Владата на Република Македонија.

Според ревизијата членови на Атникорупциска ненаменски трошеле буџетски средства. Конкретно, во ревизорскиот извештај било констатирано дека на членови од Комиисјата им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Потоа, некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, и биле поднесувани по три патни налози за ист ден.

 

 

Поврзани новости