ВИДЕО Коѕијас со смеење ја опушта атмосферата пред новата средба со Димитров

by fokus

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ја искористи својата смисла за хумот за да го пополни времето меѓу министерскиот состанок и билатералните средби на квадтрилатералниот состанок кој се одржува денеска во Солун. Како што се гледа од видеото објавено на твитер профилот на МНР, најзабавно во друштво на Коѕијас им е на министрите на Албанија и Бугарија.

По состанокот предвидени се билатерални средби. Во тек е таква средба меѓу Коѕијас и македонскиот министер, Никола Димитров, на која ќе се отворат потешките прашања од спорот за името. По средбата се очекува изјава на Димитров.

Поврзани новости