Уредникот на „Информер“ избра да лежи затвор наместо да плати казна за навреда

by Fokus

Главниот и одговорен уредник и сопственик на српскиот дневен весник, „Информер“, Драган Ј. Вучичевиќ, откако беше правосилно осуден поради навреди упатени на новинар, поради што беше обврзан да плати отштета од 200.000, одлучил да не ја плати казната туку да оди во затвор.

„Траењето на затворската казна е шест месеци. За помалку од две недели треба да се јавам на одслужување. Зошто сум осуден? Поради два твита, верувале или не“, изјави тој за српските медиуми.

„Информер“ е таблоид кој минатата година објави интервју со серискиот силувач Игор Милошевиќ, кое извесен период предизвика протести пред редакцијата.

Поврзани новости