Уапсен 28-годишник од Скопје за компјутерска измама

by fokus 10:07
10:07

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„На 08.11.2018 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX телекомуникациска опрема, која била одземена. Пријавениот ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари за периодот од 03.08.2018 до 09.11.2018 година“, велат од полицијата.

- Advertisements -

 

Поврзани новости