Трамп: Ќе ја стопирам работата на Владата ако Конгресот не даде повеќе средства за границата со Мексико

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја стопира работата на федералната Влада во септември доколку Конгресот не обезбеди повеќе финансиски средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

-Градбата на ѕидот почна, имаме 1,6 милијарди долари. Тоа прашање повторно ќе го разгледаме на 28 септември и ако не ја обезбедиме безбедноста на границата, нема да имаме избор, рече Трамп на собирот во Мичиген.

Трамп во март упати слични закани залагајќи се за измени на Законот за миграција за кој вели дека ќе го спречи влезот на криминалците во земјата.

Во јануари, Владата на кратко ја прекина работата поради миграцијата.

Поврзани новости