Таравари во посета на училиште со табла само на албански јазик

by fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вчера беше во посета на училиштето во село Форина каде започнаа активностите за изградба на нова градинка. Она што е спорно е дека на таблата името на училиштето е напишано само на албански јазик.

Ова претставува прекршување на законот кој предвидува на сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик.

Од Државниот просветен инспекторат и од Инспекторатот за локална самоуправа се уште нема реакција за ова прекршување.

Поврзани новости