Таравари ќе ја смени таблата на основното училиште и ќе постави двојазична

by fokus

Таблата на основното училиште „Форина“ ќе се менува со цел името на училиштето да биде напишано и на македонски јазик, а не само на албански како што е сега, уверува градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, откако на неговиот фејсбук профил се појави фотографија од училиштето со еднојазичната табла.

Таблата е поставена е прeтходната власт на Невзат Бејта, така што, вели Таравари, грешката е направена пред тој да дојде на власт, од преходната локална.

Таравари вели дека законските прописи мора да се испочитуваат и дека грешката ќе се исправи.

-Преземаме чекори за да го решиме овој проблем – вели тој.

Од службата за односи со јавност во Општина Гостивар потврдуваат дека законите се прекршени затоа што не е испочитувано начелото на двојазичност во овој случај. Од таму додаваат дека таблата ќе се смени за називот на училиштето да го добие и македонскиот превод.

Поврзани новости