Судот пресуди дека Николовски делумно го наклеветил Вице Заев и нема да мора да му плати отштета од 500 евра

by fokus

Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати тужбеното барање на братот на премиерот, Вице Заев, против потпретседателот на СДСМ, Александар Николовски, кој во телефонска изјава за телевизијата 1ТВ рекол дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека власта дели тендери на луѓе блиски до владините функционери.

Судот денеска донесе пресуда да го прифати тужбеното барање во само дел од изјавата на Николовски. Судот го одби барањето на Вице Заев за надомест на штета од 30.000 денари или 500 евра.

Поврзани новости