Струшката хирургија затворена, лекарите и персоналот заразени со морбили

by fokus

Хируршкото одделение во струшката општа болница е затворено бидејќи повеќе од половина од вработените се заразени со мали сипаници, морбили, пишува „Алсат М“. Комисијата за хоспитални инфекции во рамките на болницата вчера ја донела ваквата одлука, а денес за тоа биле известени Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Републичкиот санитарен инспекторат.

„Вчера се донесе одлука привремено да биде затворено хируршкото одделение и да не се примаат пациенти кај нас, односно да се препраќаат во најблиските болници каде треба соодветно да се згрижат. Во Македонија е прогласена епидемија на морбили, но интересна работа е што нашиот медицински персонал скоро 50% од нив се разболе од морбили и е фактички нефункционален“, рече Владимир Кочовски- началник на хируршко одделение.

Од болницата соопштија дека итните случаи ќе ги препраќаат во Охрид или во други болници.

Поврзани новости