Ставрески давал исказ во Финансиска полиција, потврди Муареми

by fokus

Директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми, потврди дека екс министерот за финансии, Зоран Ставрески, бил повикан на информативен разговор во финансиската полиција минатата недела. Тој не обелодени во врска со кој предмет е повикан Ставрески.

-Зоран Ставрески беше повикан на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде – изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.

Ставрески беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости