Спасено момче кое се давело во Охридско езеро

by fokus

16-годишно момче од Неготино е спасено од давање денеска околу 16.30 часот во Охридско езеро. Момчето имало среќа затоа што во близина тренирал тим н Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што информираат од таму настанот се случил на плажата К`ј Дивоно кога е забележано момчето како се дави.

„Според информациите добиени од терен се работи за 16 годишно момче од Неготино кое пливало заедно со другарите и помалиот брат. Се уште не е позната причината поради која дошло до давење, бидејќи момчето во моментот на спасување се до превземање од страна на екипата на Брзата помош било во бессознание. Од моментот на извлекување од езерото, па се до предавање на Брзата Помош, тимот на ДЗС му давала прва помош и реанимација на давеникот. Во акцијата учествуваше и екипа на Црвениот крст,заедно со сопственикот на плажата и неговиот братучед“, велат од Дирекцијата.

За сите превземени активности, додаваат од таму, навремено е доставен телефонски извештај до претпоставените лица на ДЗС, како и до Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани новости