Собранието го чека Џафери да се врати од Шведска за да почне расправата за одземање на пратеничките имунитети

by fokus

Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да заседава денеска попладне за да се отвори расправата по однос на судското барање за одредување мерка притвор на пратениците кои беа упсени во вчерашната акција на полицијата. Неофицијално се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да се врати од Шведска и да го проследи барањето до претседателот на Комисијата.

Џафери треба денеска попладне да пристигне од службеното патување во Шведска, по што се очекува комисиската расправа да почне веднаш потоа.

Претседател на Комисијата е пратеникот Павле Богоевски. Тој вчера најави дека ќе закаже седница веднаш по доставување на барањата.

Комисијата е должна да го разгледа известувањето и во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието одлучува во рок од три дена. За одземање на имунитет на пратеник потребно е просто мнозинство.

Поврзани новости