Се истражува проневера од 30 милиони евра во МВР во време на Јанкуловска

by fokus

Отворена е нова истрага за проневера на 30 милиони евра во Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот Оливер Спасовски.

Како што рече Спасовски станува збор за индиции за криминал сторени во време додека на чело на МВР беше Гордана Јанкуловска.

Министерсот ги потврди овие информации денеска при  примањето на донација од 16 нови возила за граничната полиција од Германија. Станува збор донација вредна околу 240 илјади евра.

Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Марко Акватичи истакна дека оваа донација е потврда на добрите билатерални односни меѓу двете земји и соработката на двете полиции.

-Прашањата од областа на безбедноста се мошне значајни за двете земји, а оваа помош е потврда дека Германија е свесна за улогата што Македонија ја имаше во справување со предизивците во бегалската криза, рече тој.

Спасовски се заблагодари за донацијата за која оцени дека само го зајакнува цврстото партнерство што Македонија го има со Сојузна Република Германија и германското МВР.

Поврзани новости