Се подготвува пречек за Тамара на скопскиот аеродром

by fokus

Новинарски екипи на скопскиот аеродром го чекаат пристигнувањето на Тамара Тодевска, македонската претставничка на Евровизија, која го освои најдобриот пласман до сега. Се очекува Тамара да пристигне во секој момент од Тел Авив.

На аеродромот е веќе поставена бина, каде најверојатно Тамара ќе се обрати и ќе ја испее песната „Proud“ со која настапи на европскиот фестивал. Иако не беше најавен организиран пречек, се очекува на аеродром да бидат присутни и обожаватели на македонската поп ѕвезда која постигна интеранционален успех.

Поврзани новости