СДСМ и ДУИ предлагаат секој директор на јавно претпријатие да добие заменик

by fokus

Сите јавни претпријатие ќе добијат заменици на директорите доколку се изгласат законските измени предложени од владејачкото мнозинство. Овие заменици ќе одлучуваат за претпријатијата во отсуство на директорите, додека до сега директорите за тоа определуваа вработен во претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на  владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Се поставува прашањето дали целта на ова законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно, со оглед на тоа што замениците, како и директорите, се поставуваат по договор на партиите.

Поврзани новости