Рашиди од Алијанса за Албанците: На мала врата се турка амнестија за настаните од 27 април

by fokus

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, ја напушти денеска координативната средба за формирање на комисијата за помирување и интеграција на иницијатива на независната пратеничка група. Според него иницијативата е многу нејасна, како и тоа кој со кого треба да се помирува.

– Се доби впечаток дека се работи за дневно-политичка потреба, за отворање на мала врата за протуркување на идејата за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, рече Рашиди.

Алијансата за Албанците, според него, е за помирување, но врз основа на стратешките цели на државата за интеграција во НАТО и во ЕУ.

– Сега сме во постапка на уставни амандмани и преку оваа постапка ја гледаме вистинската смисла на координативното тело за помирување што би требало да ги опфати интеграциските процеси и затворање на отворените внатрешни проблеми, рече Рашиди.

На денешната средба присуствуваа координаторите на сите политички групи, освен на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески.

Поврзани новости