510
Тројца приведени и искршени стакла на локали е епилогот на престрелката која се случила вчера околу 21.30 часот во Тетово. Според очевидци, се пукало со автоматско оружје од возила во движење.
Инцидентот се случил на булевар „Илирија“ околу 21:30 часот. Лица во автомобили во движење пукале едни кон други, а неколку куршуми завршиле и во еден угостителски објект.
Кратко по оружената престрелка, полицијата веќе уапсила три лица осомничени за учество во инцидентот. Според полицијата направена и материјална штета на три локали и еден од паркираните автомобили
Причините за инциднтот не се познати, а се шпекулира дека меѓу учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и раководител на Јавна институција.