Прегазен пешак откако скопјанец изгубил контрола над возилото и излетал од патот 

by fokus

34-годишниот Р.А. од Скопје прегазил пешак на улицата „Јадранска магистрала“ откако изгубил контрола над возилото и излетал од патот, соопштија од полицијата.

„На 24.04.2019 година во 16.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(34) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во пешакот Р.С.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди сездобил Р.А., додека со телесни повреди се здобил Р.С.. Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Поврзани новости