Пребројани половина од избирачките места, Пендаровски води со 46.000 гласови повеќе

by fokus

На пребројани 48 отсто од избирачките места кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, води со 46.381 глас пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Според резултатите на Државната изборна комисија, пребројани се речиси половина од избирачките места. За сега за Пендаровски се 166.209 од гласачките ливчиња, додека за Силјановска – 119.828.

До сега има вкупно 10.191 неважечки ливчиња или 3,44 отсто.

Поврзани новости