Познат идентитетот на убиениот во престрeлката во Чаир, убиецот е во бегство

by fokus

Во синоќешната престрелка во скопската населба Чаир со смртни последици заврши Исмет Арифи, познат како Кока, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”. Убиецот е во бегство и полицијата трага по него.

Престрелката се случи синоќа на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир, кај маркетот „Принц“. Мотивот за пукањето засега не е познат.

Според неофицијални информации во жртвите било пукано со автоматско оружје. Најверојатно се работи за пресметка на дел од скопското подземје. Настанот се случил кога со возило било попречено движењето на „волксвагенот“ на Арифи и со автоматска пушка биле истрелани повеќе куршуми, по што убиецот избегал.

 

Поврзани новости