Посебен сообраќаен режим за концертот на Здравко Чолиќ

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат посебен сообраќаен режим поради концертот на музичката легенда Здравко Чолиќ, кој ќе се одржи во сабота во 20.00 часот на стадионот „Тоше Проески“.

„Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на бул „Илинден“, ул. „Аминта 3-ти“ и ул.„Наум Наумовски Борче“. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, порачаа од МВР.

Поврзани новости