Полицијата синоќа „собра“ пет лица од улица поради марихуана

by fokus 10:39
10:39

Полицијата од СВР Скопје синоќа привела пет лица затоа што кај нив е најдена марихуана. Сите се приведени по извршен преглед на улиците низ Скопје. Најмладиот има 26 години, а најстариот 34 години.

На улицата „Козле“ во 21.45 часот, бил приведен 34-годишниот Н.Р., во два часот по полноќ полициски службеници го уапсиле 30-годишниот А.А. на улицата „Благоја Стефковски“, на подрачјето на Гази Баба пак во 01.45 часот биле приведени 27-годишните А.Б. и М.П, а нешто порано вечерта во 18.40 часот на улицата „Венјамин Манчуковски“ бил лишен од слобода 26-годишниот Ф.И.

- Advertisements -

Како што велат од МВР против сите ќе биде поднесен содветен поднесок.

На полноќ, пак, исто така на улицата „Венјамин Манчуковски“ полициски службеници го привеле 47-годишниот К.Р. од Скопје затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја.

Поврзани новости