Оштетени возилата на Петре Шилегов и неговата сопруга

by fokus

Возилото на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но и возилото на неговата сопруга биле оштетени вчера од непознат сторител, дознава „Фокус“. Случајот во полиција го пријавила сопругата на Шилегов.

Според официјалните информации на МВР, пак, вчера во период од 17.00 до 22.00 часот на улицата „Хелсинки“ во Скопје, поточно во паркингот пред зграда, од страна на непознат сторител, биле оштетени моторно возило марка “Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило “Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички.

„Притоа, констатирано е дека на возилото “Ауди К-5“ извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај второто возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место. Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости