Од Владата на Борисов потврдија: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО не треба да биде доведена во прашање

by fokus

Од Владата во Бугарија потврдија дека се откажани најавените средби на премиерот, Бојко Борисов, и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Од прес службата на бугарската Влада посочуваат дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО не смее да биде доведена под прашање.

„Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашата соседна држава. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасен е и ставот на претседателот на Република Македонија. Бугарската влада не гледа смисла да се користи за внатрешните дебати во Скопје. За иднината и развојот на нашата соседна држава е клучна интеграцијата во ЕУ и НАТО и таа не треба да биде доведена во прашање“, соопштија од таму.

Како што пишуваат бугарските медиуми во меѓу време Захариева го известила претседателот Румен Радев за откажаните средби со Иванов.

Поврзани новости