Од кампот на „Македонија блокира“ пред Собрание остана само шутот

by fokus

Собрани се шаторите на движењето „Македонија блокира“, кое неколку недели кампуваше пред Собрание и го блокираше сообраќајот во центарот на градот. Утринава екипи на градското комунално претпријатие го чистеа шутот што зад себе го оставиле демонстрантите.

Изминативе денови се помалку луѓе можеа да се најдат во кампот, но до вчера таму се наоѓаа поставените шатори. Од утринава ги нема ниту шаторите ниту натписите со кои се бараше оставка од Владата и зачувување на уставното име.

Од партијата „Единствена Македонија“, која стои зад организацијата на кампот, немаат информација зошто се отстранети шаторите и реквизитите.

Поврзани новости