Од арена „Филип Втори“ смируваат: Змијата била најдена надвор од стадионот

by fokus 09:48
09:48

Видеата кои се појавија вчера со змија видена кај арената „Фили Втори“ ја разбрануваа јавноста. Дел од медиумите пишуваа дека арената се претворила во змијарник, а информацијата се најде и на порталите од регионот кои информира дека на овој стадион пред извесно време играше и познатиот Роналдо. Сепак од стадионот велат не е точно дека змијата била најдена меѓу трибините, туку од надворешната страна.

Според видеото редарските служби се обидуваат со гребло да ја избркаат неколку метри долгата змија. Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор за „Фокус“ велат дека за среќа змијата никого не нападнала.

-Најверојатно дошла од кејот на Вардар затоа што таму има зеленило. Значи нема ништо сензационално затоа што не е точно дека змијата била внатре, туку видена е од северната страна на стадионот, од страна на шеталиштето. За среќа редарите успеале да реагираат навреме и да ја преместат – велат од таму за „Фокус“.

Поврзани новости