На обвинетите во „Монструм“ ќе им се суди од почеток, одлучи Врховен суд

by fokus

Врховен суд ги уважи жалбите на одбраната во предметот „Монструм“, со што првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување.

На обвинетите во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012-та година ќе им се суди од почеток.

Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати во Кривичниот суд на повторно одлучување поради пропусти во истрагата. Според неа, пропусти се утврдени при вештачењето во истрагата, а како причина за ваквиот предлог ги наведе и прислушуваните материјали кои ги има СЈО.

Во „Монструм“ шестмина обвинети беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.

Поврзани новости