Мизо е директор на странска инвестиција што ја ослободил од давачки, ако тоа не е конфликт на интереси не знам што е, вели Анѓушев

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од говорницата во Собранието на седницата на пратенички прашања рече дека има конфликт на интереси тоа што поранешниот директор на Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони, денеска е директор на фирма странска инвестиција.

Според Анѓушев спорно е тоа што токму оваа фирма била за 100 отсто ослободена од плаќање на придонеси.

-Директорот на Агенцијата кој го потпишал тој договор денеска е директор на таа компанија. Ако ова не е конфликт на интереси, тогаш не знам што е – рече Анѓушев одговарајќи на пратеничко прашање.

Станува збор за фирмата „Костал“, странска инвестиција во ТИРЗ зоната во Охрид/Струга. Мизо во 2015 го потпиша договорот со оваа фирма како директор на Агенцијата.

Според Законот за спречување на судир на интереси службеното лице во рок од три години по заминувањето од функцијата не може да се вработи во трговското друштво во кое вршел надзор или имал воспоставено каков било договорен однос при вршењето на јавните овластувања или должности.

Поврзани новости