Мицкоски рече дека зема плата преку Министерство за финансии на Република Северна Македонија

by fokus 10:35
10:35

Зборувајќи за Договорот од Преспа и новото уставно име на државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување на ТВ24 повтори дека нема да ја употребува придавката „Северна“, но дека институционално ќе го употребува името. Тој додаде дека и сега зема плата како универзитетски професор преку Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

-Јас и сега земам плата на Универзитетот „Кирил и Методиј“ преку Министерството за финансии со новата придавка, не можам да бидам лицемер и да кажам дека ова не е вистинската реалност, да тоа е реалноста, јас сега земам плата од тоа Министерство. Моите родители земаат пензија, а и мојата сопруга зема плата, тоа е реалноста. Ако сакаме оваа реалност да ја промениме, ВМРО-ДПМНЕ го нуди патот. Доколку не одиме по тој пат, за жал ќе продолжиме да земаме плата од институции кои ја имаат новата придавка – рече Мицкоски

- Advertisements -

 

Поврзани новости