Мицкоски: Силјановска е поголемо ВМРО-ДПМНЕ од нас! СДСМ: Знаеме!

by fokus

Пропадна обидот на Силјановска лажно да се претставува како натпартиски кандидат, велат од СДСМ по изјавата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е поголемо ВМРО од некои членови во партијата.

-Христијан Мицкоски и директно ја демантира неговата кандидатка Гордана Силјановска, која лажно и неискрено се претатавува дека е натпартиски кандидат. Мицкоски порача дека Силјановска е многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ отколку многу други во партијата. За само три дена Силјановска пласираше три големи лаги со што се профилира како поддржувач на лагите и лажните вести на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата“, велат од СДСМ.

Поврзани новости