Лазаревски може ќе се кандидира за директор на ОТА

by fokus 15:03
15:03

Свиркачот Ѓорѓи Лазаревски, под чија заслуга беа обелоденети разговорие меѓу високите владини функционери кои открија повеќе дела на корупција во власта на ВМРО-ДПМНЕ, размислува да се кандидира за директор на новоформираната Оперативно – техничка Агенција за следење на комункациите.

-Не сум одлучил, но можеби ќе се пријавам на конкурсот за директор на ОТА, но, сега во овој момент не би знаел да ви кажам. Мене ми беше целта да се вратам во МВР, бидејќи го напуштив МВР за да ги заштитам бомбите. Точно се знае дека тоа го направив заради бомбите, но сега не постои никаква иницијатива таа моја лична жртва да биде исправена – рече денеска Лазаревски.

- Advertisements -

Тој и неговиот колега Ѕвонко Костовски, се номинирани за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“ под покривителство на Европскиот парламент. Апликацијата ја поднела организацијата „Транспаренси интернешнл“. Лазаревски и Костовски се наоѓаат во потесен круг со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

 

Поврзани новости