Кривична за полицаец од Гостивар, незаконски регистрирал мерцедес на свој пријател

by fokus

44-годишен полицаец од Гостивар, со иницијали Г.М., ќе одговара за “употреба на исправа со невистинита содржина“, затоа што му помогнал на пријател да го регистира своето возило марка „Мерцедес Бенз МЛ 320“, иако возилото не ги исполнувало пропишаните нормите и стандарди.

Како вработен во Полициската станица во Гостивар, Г.М. во 2015 година извршил регистрација на возилото, сопственост на второпријавениот И.У., кој ќе одговара за “помагање“ во врска со “употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полицаецот направил договор за купопродажба на  возилото, склучен во Швајцарија, помеѓу второпријавениот  како купувач и лицето Е.М. како продавач, иако знаел дека второпријавениот  не бил во Р. Швајцарија.

„По ова Г.М. договорот го приложил како доказ во Одделот за управни работи при Полициска станица Гостивар. И.У. на првопријавениот му приложил и Потврда за пријавен престој во Р. Косово, во којашто било наведено дека тој престојувал во странство од 09.12.2014 година до 18.12.2014 година. Потоа Г.М. ја изменил потврдата, и навел дека се однесува на временскиот период од 09.12.2013 година до 18.12.2014 година, по што потврдата ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерство за економија на Р.Македонија“, велат од МВР.

Поврзани новости