Во притвор 67-годишниот кичевчанец што се обиде да силува шестгодишно дете

by fokus
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин што допирал по телото шестгодишно девојче од Прилеп, кое моментално престојувало во Кичево.
На пријавениот определена му е мерка притвор од 30 дена, информира од СВР – Охрид.

Поврзани новости