Комити утре ќе маршираат за Саздо: Да им докажеме на „европејците” дека сме поцивилизирани од „другите”

by fokus

Од навивачката група „Комити“ најавуваат дека утре ќе се одржи протестен марш во чест на Никола Саздовски Саздо, кој беше претепан до смрт на автобуска постојка во Автокоманда. Маршот ќе започне на плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот. Комитите ќе се придвижат до Основното јавно обвинителство, а од таму ќе пешачат до МВР, каде ќе запалат свеќи.

„Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.

Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.

Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.

ПРАВДА ЗА САЗДО !!!“, порачуваат Комитите.

Поврзани новости