Командант Малишева ги откри напаѓачите на Јанакиески и Ристовски: Ќе биде истепан секој политичар кој ќе ни падне во раце

by fokus

Еден од лидерите на кумановската група во Диво насеље, Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги откри напаѓачите на Мили Јанакиевски и Спиро Ристевски, но и упати нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

-Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=410842399725346&set=a.199771960832392&type=3&theater

Поврзани новости