Кекеновски: Дали Јанкуловска и Јанакиески го вперуваат прстот во Мијалков и Груевски?

by fokus

Професорот и член на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, Јове Кекеновски, вели дека со денешната изјава на екс министрите, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, дадени на судското рочиште за „Титаник“, дека биле жртва на прислушувањето, всушнот го вперуваат прстот во нивните довчерашни надредени.

„Дали Јанакиески Јанкуловска со приговарањето дека не можат да бидат осудени врз основа на материјали кои произлегуваат од масовното прислушувањ во УБК и дека тие се оштетени странки значи дека прстот го вперуваат во нивните довчерашни партиски и политички надредени?“, прашува Кекеновски.

Јанкулоска и Јанакиески на денешното рочиште му рекоа на судијата Осман Шабани дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

-Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба – рече Јанкулоска.

Поврзани новости