Ќе се жалиме до вишото обвинителство, најави Туфегчиќ за отфрлената кривична пријава против специјалците на ЕБР

by fokus

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на Хелсиншкиот комитет за човекови права против полицијата која употреби несразмерна сила против студентите  по изборите за претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, на 30 јуни, 2016 година.

Единиците за брзо распоредување на полицијата насилно влегоа во седиштето на СПУКМ и ги исфрлија студентите, кои бараа да бидат присутни кога ќе се бројат ливчињата од гласачките кутии. По бројните нерегуларности во процесот, револтот се зголеми кога СПУКП ги затворија вратите и не дозволија присуство на студентите додека се броеја ливчињата. Студентите се собраа на протест, повикаа полиција, но полициските службеници не реагираа. Некое време потоа се појавија припадници на Единицата за брзо распоредување. При исфрлањето на студентите, неколкумина од нив беа повредени.

„Ќе се жалиме за ова до вишото обвинителство. Немам намера да оставам да помине туку така. Се ќе докажеме во постапка и колку пати ние викавме полиција и како не интервенираше и како на крај интервенираше со “сразмерна и пропорционална сила” со куп специјалци кои требаше да се справат со 20 студенти седнати на земја по кратки ракави. Благодарение на новинарите и на останатите присутни има и снимки од нивната “сразмерност и пропорционалност како и легитимност”, напиша на фејсбук пратеничката Ивана Туфегчиќ.

Поврзани новости