Јанушев: Да беа ова парламентарни избори ќе освоевме 53 пратенички мандати и ќе формиравме Влада

by fokus 14:36
14:36

Резултатите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила со најголема доверба кај граѓаните, а политиките на властта доживуваат пораз, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес конференција.

Според него СДСМ драматично ја губи поддршката кај граѓаните, а резултатите од првиот круг на претседателските избори покажале, исто така, дека власта е делегитимирана.

- Advertisements -

Јанушев ги повика граѓаните на масовна излезност во вториот круг.

-Со гласачко ливче победуваме неправда. Силјановска е олицетворение на правдата, личност со кредибилитет и свој став. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални освоивме само 5, а вчера победивме во 47 општини – рече Јанушев додавајќи дека и скопјани ја поразија власта.

Како што рече Јанушев доколку резултатите од првиот круг би се пресликале во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, СДСМ 41, Алијанса и БЕСА 13, како и ДУИ – 13.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе беше политичка партија која ќе требаше да направи ново мнозинство и Влада. Цврсто веруваме во победа во вториот круг од изборите. Апелирам да се задржи демократскиот амбиент и да не се посегне по методи на заплашување и притисок. Македонската пролет доаѓа. Ги повикувам сите граѓани да ја искористат можноста за конечно победа на правдата врз неправдата – порача Јанушев.

Според него намалена излезност е причината за тоа што ВМРО-ДПМНЕ освои помалку гласови во споредба со претходниот изборен циклус.

 

Поврзани новости