Исчистена депонијата која го загадуваше Скопје од земјотресот во 1963

by fokus

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Град Скопје денеска го чистеа отпадот во депонијатата покрај Вардар, позади спортскиот центар „Борис Трајковски“. Пред извесно време на оваа депонија изби пожар, што ги алармираше градските власти да преземат нешто.

Денеска на терен излегоа градоначалниците на Град Скопје и Општина Карпош, кои предупредија дека повеќе нема да се толерира фрлањето отпад на необележани локации.

-Се расчистува депонијата која повеќе децении се трупаше покрај Вардар. Овој дел во минатото беше цел на палење, а со овој начин никогаш нема да се трупа со шут и ѓубре. Апелирам и предупредувам дека секое палење на несоодветни места ќе биде строго казнето. Немаме намера ние постојано да чистиме – рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека депонијата постои ов 1963 година и дека била сериозна закана за животната средна.

-Оваа депонија е создавана од земјотресот во  1963-та и беше директно загадување на воздухот. Ќе работиме ова место никогаш веќе да не го загадува градот. Очекувам во иднина дека ова место ќе биде убаво за граѓаните, каде ќе можат да уживаат. Очигледно е дека кај некои од граѓаните не поминуваат само апелите. Депонијата Вардариште е направено од градот, а ги решаваме проблемите еден по еден. Вардариште има огромен капацитет на ѓубре, очекувам по изборите дека дел од тоа ѓубре ќе се согорува веќе. Вардариште не е наивен проблем  – рече Шилегов.

Поврзани новости