Исчезна дрвото што Трамп и Макрон го засадија пред пет дена кај Белата куќа

by fokus 13:12
13:12

Садницата што францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот ја донесе како подарок на американскиот претседател Доналд Трамп и која заедно ја засадија во дворот на Белата куќа во меѓувреме исчезна, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Засега не е познато што се случило ниту каде евентуално е преместено дрвото.

- Advertisements -

Макрон на Трамп му го подари дабот на почетокот на својата тридневна посета на Вашингтон, како симбол на трајноста на пријателството помеѓу Франција и САД.

Инаку, садницата потекнува од шума во северна Франција каде животите ги загубиле 2.000 американски војници за време на Првата светска војна.

Поврзани новости