Грчките медиуми објавија дека се починати изгубените планинари од Македонија на Кајмакчалан

by fokus

Двајцата планинари од Македонија кои вчера се изгубиле на Кајмакчалан, според грчките медиуми се пронајдени мртви. Според пишувањата на медиумите во соседството, двете лица, се најдени рано утринава паднати во клисура.

Оваа информација не ја потврдуваат од македонското МВР. Од  таму велат дека телата се уште не се пронајдени и дека синоќа не можело да се трага по нив поради лошите временски услови и густата магла. Хеликоптерска единица утринава започна со пребарување на теренот.

Според официјални информации на момче и девојка, на возраст околу 30 години, им се изгубила трага откако со поголема група на луѓе започнале вчера да се искачуваат на планината од страна на грчката граница. По пријава во полицијата, нивните телефони се лоцирани на 100 метри во македонска територија.

Од грчката против пожарна бригада се уште нема официјална информација дали планинарите ја преживеале ноќта.

Поврзани новости