Францускиот амбасадор изненаден што Груевски не ги признава изборните резултати

by fokus 15:11
15:11

Изненаден сум од одлуката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги признава изборните резултати, порача амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние на денешната средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

-Најлошо е да се испраќа слика на постојани кризи. Сега и се даде втора шанса на земјата што е позитивно и затоа и на локално ниво треба да се искористат сите наклонети карти кон вас – му рече Тимоние на Богдановиќ и додаде дека се надева на соработка меѓу двете партии во Советот на Општината.

- Advertisements -

На средбата Богдановиќ рече дека ќе соработува со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, а и тоа дека веќе договорил и средба со против-кандидадот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

-Претходните 4 години општината беше мета на напади и сега се надеваме, по локалните избори и огромното мнозинство освоени градоначалнички и советнички мандати, ќе се работи полесно но и поодговорно – рече Богдановиќ.

 

Поврзани новости