Запалено и оставено кај гробиштата во Бутел возилото со кое е извршен грабежот во Тутунска банка

by fokus 13:13
13:13

Во близина на реката Серава е пронајдено возилото со кое утринава беше извршен грабежот во филијалата на Тутунска банка во Чаир, дознава „Фокус“ од неофицијални извори.

Според непотврдени информации возилото било опожарено и оставено во близина на гробиштата во Бутел. Полицијата се уште трага по сторителите. Се претпоставува дека станува збор за четири лица.

- Advertisements -

Од МВР претходно информираа дека кражбата се случила утринава во 10.30 часот. Неколку лица влегле во банката на ул.Ферид Бајрам и одзеле пари.

„Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници“, соопштија од МВР.

Поврзани новости