Тројца малолетници признаа дека се заканувале со нож и ограбувале деца низ Скопје

by fokus

Против тројца малолетници од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава, осомничени дека извршувале дрски кражби низ Скопје, крадејќи пари, мобилни телефони и часовници од други малолетници. Осомничените се на возраст од 15,16 и 17 години.

„Осомничените со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18.00 до 21.00 часот одземале пари, мобилни телефони, часовници и друго. Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување. По насока на Јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела“, информираа од полицијата.

Поврзани новости