Еден од напаѓачите играше топло ладно, во еден момент ја смируваше толпата, а од друга страна беше свртен кон Села, рече сведокот Абдулфетах Аљими, на денешното рочиште во Кривичниот суд, за обидот за убиство врз Зијадин Села за врема на „крвавиот четврток“.

Тој го препозна овој човек и го посочи во судницата покажувајќи на обвинетиот Александар Јаневски Тоста.

-Еден од насилниците беше качен на стол и имаше фантомка на главата. Тој даваше команда кој да се нападне. Имаше уште еден кој бараше албанска крв, тој беше во црна маица и немаше маска – изјави сведокот.

Тој го препозна Кире Горгиевски, односно за овој обвинет рече дека тоа е насилникот без маската.

-На Заев му викаше дека е продадена душа, предавник и мал шиптар – рече сведокот зборувајки за обвинетиот Кире Георгиевски.

Тој додаде и дека човекот со фантомка повикувал да се убие Села.

-Насилниците ме прашаа кој сум јас. Јас реков дека сум обезбедувач на Собранието. Тогаш, препознавајки го начинот на кој зборувам, рекоа овој е шиптар по што ме удрија три пати. Тогаш колегата ме спаси и ме извлече и им рече на насилниците немојте тој е нас – рече сведокот.

В.В.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.