Поднесена кривична пријава против убиецот на Мартин Јанушев

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е идентификуван убиецот на спортистот, Мартин Јанушев, кој беше застрелан пред неговиот дом во Аеродром.

Како што изјави денеска министерот, Оливер Спасовски, против Ф.С. е поднесена кривична пријава за убиство во основното јавно обвинителство. Тој додаде дека постојат несоборливи докази кои укажуваат дека осомничениот го извршил убиството и додаде дека нема докази кои би упатувале дека се работи за нарачано убиство.

Од МВР додаваат дека полицијата има индиции каде се наоѓа осомничениот. По него ќе биде распишана и потерница.

Поврзани новости