Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ осомничен за злоупотреба на службена положба

by fokus

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Димче Атанасовски, заработи кривична пријава за  „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираа денеска од СДСМ.

Атанасовски се сомничи дека во периодот од почетокот до крајот на 2016 година, како директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица,  спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка.

„Ова, само го потврдува недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕ во сите изминати години наназад? Дали, наместо да работат на подобрување на условите за настава, работа и престој на учениците и вработените  во ООУ „Свети Кирил и Методиј“, тие, на чело со тогашниот директор на училиштето и сегашен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДМПНЕ во Македонска Каменица, работеле и мислеле само на сопствените џебови? Наместо реновирано училиште, ние затекнавме целосно руиниран и несоодветно одржуван објект. Од преплатените рекламии високоплатените проекти, нема ни трага“, велат од СДСМ.

Поврзани новости