На местото на Ќосето засадено дрвото „гинко“

by fokus

На местото кај судска палата каде некогаш стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, Град Скопје, според најавите засади дрво од видот „гинко“. Дрвото чини 5.000 денари и се одликува со голема отпорност на екстремни услови, како отрови, загадувачи, радијација, инсекти, итн.

Допрва терба да биде поставена и изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН).

Членот 10 гласи: „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредување на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.

Поврзани новости