МВР: Началникот на Алфите извршувал службени задачи во Охрид

by fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека началникот на Алфите, Примислав Димовски, бил на извршување на службени задачи, откако медиумите објавија дека бил виден со службено возило во Охрид.

„Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме дека Примислав Димовски –началник на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА согласно Наредбата, а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило.
МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи“, соопштија од МВР.

Поврзани новости