Меланија Трамп со јакна „Не ми е гајле“ ги посети децата имигранти

by fokus

Првата дама на САД, Меланија Трамп се најде „на тапет“ поради јакната со натпис „Не ми е грижа, а тебе?”, што ја носеше за време на посетата на центарот за деца имигранти во Тексас.

Јакната за која американските медиуми јавуваат дека чини само 39 долари, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. По тој повод, портпаролката на Меланија изјави дека „нема скриени пораки” кон децата при изборот на облеката на американската прва дама.

Со свој став се огласи и претседателот Доналд Трамп кој тврди дека натписот се однесува на медуимите кои објавуваат лажни вести. – Меланија сфати колку се тие нечесни и повеќе „не и е грижа”, напиша тој на Твитер.

Меланија Трамп го посети прифатилиштето за деца во Мeкален, еден дeн oткако нејзиниот сопруг ја потпиша извршната уредба со која на имигрантските семејства, што нелегално доаѓаат преку јужната граница на САД, им се овозможува да останат заедно до конечниот исход од имиграциската постапка. Сепак, тој  напомена дека ќе продолжи со политика на „нулта толеранција”, која подразбира кривично гонење на сите полнолелетни лица кои ја минуваат границата нелегално.

Првата дама побарала „децата да бидат вратени кај своите семејства колку е можно побрзо”.

Поврзани новости